Се случи првиот Dance Battle во Охрид

По повод Светскиот ден на танцот (29 април), на градскиот плоштад го организиравме првиот Dance Battle во Охрид. Во одлична атмосфера 25 млади од Охрид зедоа учество на овој, за Охрид, несекојдневен настан. Бројната публика со овации и аплаузи ги поздравуваше настапите, а си избираше и свој фаворит. Забележитлно беше дека публиката која случајно се најде на градскиот плоштад застануваше и не заминуваше.

Настанот имаше ревијален карактер, односно целта беше да се промовира танцот. Сите учесници ќе добијат Благодарница за учество на првиот Dance Battle во Охрид на забавата која ќе организираме во „МКОЦ Соната“ следната сабота, на 05.05.2018-та година од 20:00 часот.

Настанот беше поддржан од Црвен Крст Охрид и голем број медиуми, а дополнително имаше и хуманитарен карактер. Се собираа средства за помош на малата Мила која итно треба да се оперира во Кина, а беа собрани вкупно 8850 денари.

Голема благодарност до учесниците: Леа Дојчиноски, Теодора Трајчевска, Кристина Палоска, Марија Рувинова, Тамара Стојкоска, Константин Групчев, Мартина Трифуноска, Александра Додевска, Маркус Голев Мабуа, Марија Пуцоска, Мила Менкиноска, Николина Каралиева, Евгенија Пулеска, Сарита Ракип, Сара Коваческа, Елеонора Брдароска, Емилија Андонова, Ема Силјаноска, АнаМарија Влаоска, Марија Трпеска, Меланија Јузмеска, Анастасија Филоска, Фаик Мехмед и Михаил Талев. Честитки за храброста, но и умешноста која ја покажавте!

Овој настан немаше да биде тоа што беше да не беше извондерниот DJ Toni, чија специјализирана емисија за хип хоп можете да ја следите на охридското Супер радио секој петок од 20 до 21 часот. Благодарност и до сите медиуми кои се вклучија за поддршка на овој настан. OhridPress, OhridNews, OhridNet, OhridSky, Ohrid24, StrugaOnline, Публицист, ТВМ, ТВ Морис и секако Супер радио.

И за крај благодарност до Александра Алексијеска  и Анастасија Групчева за извонредното ведење на Манифестацијата и Елена Додевска за фотографиите кои секогаш ќе сведочат за убавиот спомен кој заеднички го создадовме!