Најчесто поставувани прашања

Одговори на дел од прашањата

Плаќања и обврски

Месечната рата се уплаќа најдоцна до 10-ти во тековниот месец.
Да, бидејќи вкупната цена на курсот е поделена на бројот на месеците помеѓу денот на потпишувањето на Договорот и месец јуни од тековната сезона. Приклучувањето на курсот значи и прифаќање на обврска за редовна посета на настава.
Да, но сите се регулираат со потпишувањето на Договорот, така што ги знаете сите дополнителни трошоци кои евентуално следуваат. Сите групи плаќаат за костимографија за годишен концерт, во висина од 800 - 1200 денари, во зависност од потребите на кореографијата. Учествата на натпревари и евентуалните патувања не се во рамките на планираната настава и трошоците не се вклучени во цената. Истите се дефинираат преку родителски средби.

Информации за наставата

Да. Часовите се задолжителни. Силно веруваме во тоа дека неопходно е да се создаде здрава навика на одговорност и посветеност. Следењето чекор со наставата е неможно со отсуство од часовите и истото може да биде санкционирано од страна на менторите. Тоа може да биде направено преку забрана за учество на надворешни активности (снимање видео клипови, учества на настапи, натпревари, годишни концерти и сл.) или пак со целосно исклучување и раскинување на Договорот.
Не. Празниците се неработни денови за „МКОЦ Соната“. Надополнувањето на изгубениот час е само по потреба на менторот на групата.
Да. Опремата е задолжителна!
Најдената гардероба се остава во соблекувална, а предметите се чуваат на сигурно и потребно е сами да ги побарате. Не одговараме за безбедноста на предметите кои ги носите со себе.
Секој предмет е на Ваша целосна одговорност.

Не најдовте одговор?