📅12.07.2020      🕘10:45

 

Часови по танц во природа

 

Во периодот после 10-ти јули 2020-та година, МКОЦ Соната Охрид, ќе започне со организирање на часови за танцување на отворено. Наставата ќе се организира според одобрениот Протокол за работа од страна на Комисијата за заразни болести.

 

Часовите ќе се организираат според стилот и возраста, а ќе бидат распоредени според следните групи:

 

  • група ХИП ХОП ДЕЦА: лица на возраст од 8 до 12 години;
  • група ХИП ХОП МЛАДИ: лица постари од 13 години;
  • група СОВРЕМЕН ТАНЦ ДЕЦА: лица на возраст од 8 до 12 години;
  • група СОВРЕМЕН ТАНЦ МЛАДИ: лица постари од 13 години;
  • група КЛАСИЧЕН БАЛЕТ: само за постојните членови на класата;
  • група ЛАТИНО ТАНЦИ (формaции): лица на возраст од 8 до 18 години.

 

Часовите ќе ги одржуваат менторите на МКОЦ Соната Охрид, 2 (два) пати неделно, во термини кои ќе бидат дополнително објавени и ќе се организираат според следните правила:

 

  1. Доаѓањето на час е во период од 5 до 10 минути од почетокот на часот.
  2. Доаѓањето на час е во согласност со активните мерки за заштита од Covid-19. Tоа значи дека при доаѓање за час лицето нема да се групира во група поголема од 5 лица и притоа секогаш ќе носи маска на себе.
  3. Лицето ќе доаѓа на час подготвено во соодветна гардероба.
  4. Пред влез на лицето ќе му биде измерена температура. Доколку покаже температура повисока од 37°C на истото нема да му биде дозволено следење на часот. Во овој случај ќе бидат известени соодветните служби.
  5. Задолжително ќе се дезинфицира на местото означено за тоа.
  6. Обувките со кои се доаѓало на час ќе се дезинфицираат и истите ќе заменат со соодветни чисти обувки. Старите обувки ќе бидат ставени во најлонска кеса и во ранец кој ќе биде оставен на соодветното место.
  7. Мобилниот телефон се остава на соодветно место и не смее да се користи од друго лице.
  8. За време на часовите ќе се носи маска и ќе се почитува одбележаниот простор.
  9. Ќе се избегнува користењето на тоалетот, а доколку има потреба лицето задолжително ќе се дезинфицира при влез и излез. Пред излез ќе го дезинфицира тоалетот со одбележаното средство.
  10. За време на часот задолжително ќе биде едно дезинфицирање на рацете, за што е задолжено лицето одговорно за часот.
  11. Нема да се користи поздравување ниту пак групирање за време на часовите.
  12. Секој ќе си носи сопствена вода и водата од тоалетот нема да се користи за пиење.
  13. По завршувањето на часот лицето ќе ја напушта просторијата според утврден редослед.
  14. При излез лицето ќе ги замени обувките со оние со кои доаѓал, и задолжително ќе се дезинфицира пред да ја напушти просторијата.
  15. Лицето ќе ги почитува и останатите правила неспоменати погоре, а кои произлегуваат од соодветниот Протокол.

 

Доколку поради лоши временски услови не постои можност за организирање на часот, истиот ќе се организира Online преку апликацијата ZOOM, за што навремено ќе се известени сите членови.

 

Цената на курсот (8 часови) е:

  • 850 денари за ХИП ХОП, СОВРЕМЕН ТАНЦ и ЛАТИНО ТАНЦИ;
  • 1200 денари за КЛАСИЧЕН БАЛЕТ.

 

Уплатата треба да биде изврешна пред почетокот на следење на наставата, според вообичаената практика, на жиро сметката на МКОЦ Соната Охрид.

За сите дополнителни информации контактирајте ја нашата online канцеларија или контактирајте го Вашиот ментор.

 

Доколку сте заинтересирани за следење на наставата пријавете се преку следниот формулар:

 

Формуларот е недостапен.

Времето за пријавување е истечено.

 

Пријавувањето е необврзувачко. По објавувањето на распоредот на часови ќе биде објавен и линк преку кој ќе може да се регистрираат сите заинтересирани за следење на наставата, а оние кои се пријавиле преку горенаведениот формулар ќе бидат известени на доставениот телефонски број.

 

Лицата кои ќе следат два или повеќе курсови, добиваат попуст од 40% за секој следен курс (за прв курс се смета курсот кој најпрво сте започнале да го следите). Втор и трет член од фамилија добиваат 40% попуст за соодветниот курс.