Повик за аудиција

За сите оние кои поради било кои причини не успеаа да бидат дел од првата аудиција, организираме втора на ден 21.08.2018-та година (вторник) во 20:00 часот. Колку за потсетување, ги собираме сите оние кои сакаат да станат дел од една нова наша приказна, фузија од хип хоп, современ танц, балет и латино танци. На почетокот на септември не чекаат два настапи во живо на национална телевизија и уште 14 други балкански телевизии. А потоа… потоа создаваме спомени за паметење на голем меѓународен натпревар. И не завршуваме тука…

За сите оние кои сакаат да бидат дел од оваа наша „приказна” ова се правилата за аплицирање:

  1. Право на учество имаат сите членови на МКОЦ СОНАТА, кои на денот на аудицијата ќе имаат минимум 8 години;
  2. Потребно е да се подготви кореографија која е во времетраење од  15 до 60 секунди (може да се користат и чекори научени на часовите во МКОЦ СОНАТА);
  3. Аплицирањето е преку пополнување на формуларот даден подолу најдоцна до вторник (18.08.2018-та година) до 19:00 часот;
  4. Однапред се согласувате дека редовно ќе доаѓате на часови (во случај на годишен одмор ќе не известите во кој период ќе отсуствувате).

Аудицијата ќе ја оценуваат менторите на тимот и ќе важат следните правила:

  1. Ќе се оценува квалитетот на следното:
    1. Техника (колку се технички истравни движењата);
    2. Кореографија (квалитетот на кореографијата);
    3. Креативност (креативност во кореогрфијата);
    4. Изведба (квалитетот на изведбата).
  2. За секоја точка наведена погоре ќе се доделуваат од 1 до 10 поени, при што 10 е највисока оценка;
  3. За да се помине понатаму потребни се минимално 7,00 поени (средна вредност од сите поени на менторите);
  4. Оние кои ќе имаат помеѓу 5,00 и 6,99 поени ќе имаат втора шанса преку freestile во времетраење од 15 до 45 секунди;

ВАЖНО: На оваа аудиција потребо е да се јават и оние членови кои освоиле повеќе од 5, а помалку од 7 поени на првата аудиција. Тие можат повторно да се регистрираат и да настапат со кореографија или да чекаат по завршувањето на аудицијата да играат freestile.

ВРЕМЕТО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ИЗМИНАТО