Започнуваме соработка со реномираната балерина Оливера Костова

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Oваа сезона започнуваме соработка со реномираната балерина Оливера Костова Дилиндарски.

Станува збор за исклучитено квалитетна и искусна балерина, која има завршено специјализација во една од најпрестижните балетски школи во светот – „Ваганова“ во Санкт Петербург во Русија.

Часовите по класичен балет се организираат секој работен вторник и петок од 19:30 до 21:00 часот.

Во моментов се уште траат уписи, а оние кои ќе се зачленат до крајот на месец октомври се ослободени од плаќање на трошоци за упис.

Освен часови по класичен балет се врши упис и за латиноамерикански танци, хип-хоп, зумба, а за најмладите од 4 до 7 годишна возраст нуди програма, посебно прилагодена за возраста, водена од Гордана Јанческа, педагог со 10 годишно искуство.