Пред почетокот на школската година, но и новата танцова сезона, време е да се доразмрдаме и подготвиме за нови доживувања. МКОЦ СОНАТА ги поканува постојните членови на тридневна двочасовна работилница по хип хоп со нашите помлади асистенти.
Распоредот е следен:
- 31.08.2018 12:00 – 14:00 Сара Коваческа
- 01.09.2018 12:00 – 14:00 Михаил Талев
- 02.09.2018 12:00 – 14:00 Владимир Тодоровски
Цената за една работилница е 150 денари. За учество на работилницата потребно е да се изврши пријавување преку формуларот даден подолу и да се донесе потврда за извршена уплата (МКОЦ СОНАТА, ж-ска: 530-0003020115-19, Охридска Банка АД Скопје, со назнака: летна работилница). За учество на сите три работилници вкупната цена е 350 денари. Се гледаме во СОНАТА.