Младински Културно Образовен Центар СОНАТА Охрид
улица Партизанска број 3 локал 1 6000 Охрид

Информации за уписите во клубот за танц

📅 25.08.2020

Младинскиот Културно Образовен Центар Соната од Охрид со почетокот на учебната година повторно ќе се обиде да го размрда секојдневието. Тогаш кога плажата и забавата треба да ја ставиме во втор план и да се посветиме на новите обврски, најдобриот начин да ја задржиме, но и подобриме виталноста е преку спортот. Танцот е неверојатна можност за спортување, но и уживање во музиката. Токму затоа ве покануваме во да се приклучите кон еден од нашите курсеви. Станете дел од нашето семејство и заиграјте го секојднeвието:

  1. Наставата ќе се изведува согласно препoраките и Протоколот за заштита од Covid-19.
  2. За следење на наставата оваа година не е потребно потпишување на Договор, туку неопходно е да се изврши уплата за следење на курсот на почетокот на месецот.
  3. Цената за класичен балет за запишаните во септември е 1050 денари, а за останатите стилови 800 денари.
  4. Распоредот на часови е прикажан на сликите.
  5. Пријавувањето за следење на наставата може да се направи тука (времето за пријаување е поминато и линкот е недостапен).
  6. Наставата започнува според доделениот распоред од 12.09.2020-та година. Ве известуваме дека во текот на месец септември ќе бидат организирани дополнителни часови, во сала и на отворено.