Младински Културно Образовен Центар СОНАТА Охрид
улица Партизанска број 3 локал 1 6000 Охрид

Уписи, сезона 2021/2022

📅 28.09.2021

МКОЦ СОНАТА Охрид распишува уписи за школата по танц за сезона 2021/22.

Уписите се организираат во периодот од 31.08.2021 до 06.09.2021, од 19:00 до 20:30 часот, во просоториите на МКОЦ СОНАТА Охрид.

Во овој период се одобрува и попуст од 10% на цената на курсот, која надвор од овој термин изнесува:

– Вовед во танц, Современ танц, Латино танци и Хипхоп – 1000 денари

– Класичен балет – 1650 денари

 Уплатите се вршат на жиро сметка:
МКОЦ СОНАТА Охрид 
250-0003020115-51 
Шпаркасе банка Македонија 

Наставата се организира согласно одобрените протоколи од страна Комисијата за заразни болести според следниот распоред:

  • Вовед во танц: вторник и петок од 17:00 и 18:00 часот;
  • Современ танц: сабота и недела од 12:00 и 13:00 часот;
  • Хип Хоп: сабота и недела од 16:00 и 17:00 часот.

Првиот час ќе се организира согласно следниот распоред:

  • Вовед во танц: вторник, 07.09.2021
  • Современ танц: сабота, 11.09.2021
  • Хип Хоп: сабота, 11.09.2021 
 

Времетраењето на еден час е 40 минути и неопходно е да ги почитувате правилата за заштита од Covid-19:

  • задолжително носење заштитна маска за време на часовите;
  • присуство на час само со температура помала од 37 ℃ која се мери пред почетокот на часот;
  • задолжително користење чиста опрема (патики);
  • задолжителна дезинфекција која е достапна на самиот влез.
 

За да ја следите наставата потребно е да потпишете Договор за следење на наставата, а за да го реализирате тоа потребна ќе Ви биде лична карта (за малолетните лица неопходна е согласност од родител/старател за следење на наставата).