Уписи сезона 2019/2020

Ве известуваме дека уписите за сезона 2019/2020 оваа година ќе се реализраат секој ден од 1 до 6-ти септември, во периодот од 18:30 до 20:30 часот или за време на часовите за групата во која се зачленувате.
За упис потребно е да се резервира место преку нашата web страна и да се потпише Договор во просториите на МКОЦ СОНАТА во горенаведениот период.
Договорот Ве обврзува за редовно следење на наставата во периодот септември 2019 – јуни 2020 и редовно да ги подмирувате обврските најдоцна до 10-ти во тековиот месец. Со него МКОЦ СОНАТА е обврзана редовно да ги организира часовите и да ги подготви членовите за годишен концерт кој оваа година ќе се одржи во периодот од 1-ви до 12-ти јуни. Раскинувањето на Договорот е без надокнада во било кое време и под било кои услови, на барање на било која страна, при што потребно е да бидат подмирени сите обврски од него заклучно со денот на раскинување на истиот.
За упишаните членови до 5-ти септември и извршена уплата на првата рата заклучно со 10-ти септември се одобрува попуст на вкупната цена на курсот, еден месец бесплатно (јуни 2020).