Младински Културно Образовен Центар СОНАТА Охрид
улица Партизанска број 3 локал 1 6000 Охрид

Уписи за возрасни

📅 17.03.2021

На барање на дел од родителите на нашите членови МКОЦ СОНАТА Охрид распишува уписи за танц за лица постари од 21-на година.

Часовите се организира согласно одобрените протоколи од страна Комисијата за заразни болести и тоа во среда и недела од 20:30 часот.

Првиот час ќе се организира на 24.03.2021-ва (среда).

Времетраењето на еден час е 40 минути и неопходно е да ги почитувате правилата за заштита од Covid-19:

  • задолжително носење заштитна маска за време на часовите;
  • присуство на час само со температура помала од 37 ℃ која се мери пред почетокот на часот;
  • задолжително користење чиста опрема (патики);
  • задолжителна дезинфекција која е достапна на самиот влез.
 

Времетраењето на курсот е 3 (три) месеци и трае до 20 јуни 2021. Вкупната цена на курсот е 3000 денари, а плаќањето е на месечни рати во висина од 1000 денари.

Доколку имате член од семејство кој што е веќе наш член и  во целост ги има подмирено обврските кон МКОЦ Соната Охрид,  добивате попуст со кој вкупната цена е 2550 денари, со месечна рата од 850 денари.


Времето за пријавување е истечено. Доколку сте заинтересирани контактирајте не преку нашата online-канцеларија.