Младински Културно Образовен Центар СОНАТА Охрид
улица Партизанска број 3 локал 1 6000 Охрид

Вонредни уписи март 2021

📅 05.03.2021

Со оглед на интересот за упис во изминатиот период и создадените услови за формирање нови групи МКОЦ СОНАТА Охрид распишува Вонредни уписи за танц.

Уписите се однесуваат само за следните групи:

  • од 8 до 12 години за Современ танц;
  • од 4 до 7 години за Вовед во танц;
  • од 11 до 14 години за Хип Хоп.
 

Наставата се организира согласно одобрените протоколи од страна Комисијата за заразни болести според следниот распоред:

  • Вовед во танц: вторник и петок од 17:00 часот;
  • Современ танц: сабота и недела од 11:00 часот;
  • Хип Хоп: сабота и недела од 16:00 часот.

Првиот час ќе се организира согласно следниот распоред:

  • Вовед во танц: петок, 12.03.2021 од 17:00 часот;
  • Современ танц: сабота, 13.03.2021 од 11:00 часот;
  • Хип Хоп: сабота, 13.03.2021 од 16:00 часот.
 

Времетраењето на еден час е 40 минути и неопходно е да ги почитувате правилата за заштита од Covid-19:

  • задолжително носење заштитна маска за време на часовите;
  • присуство на час само со температура помала од 37 ℃ која се мери пред почетокот на часот;
  • задолжително користење чиста опрема (патики);
  • задолжителна дезинфекција која е достапна на самиот влез.
 

Вкупната цена е 3800 денари и се однесува за периодот од 12 март до 30 јуни 2021. Плаќањето е на месечни рати во висина од 950 денари.

Доколку имате код (кој може да го најдете преку нашите членови) добивате попуст со кој вкупната цена е 3200 денари, со месечна рата од 800 денари.

Времето за пријавување е истечено. Доколку сте заинтересирани контактирајте не преку нашата online-канцеларија.