„Во свој филм“ видео натпревар

Во пресрет на годишниот концерт, оваа година организираме видео натпревар наменет за членовите на нашето Студио за танци.

Право на учество имаат сите кои ќе испратат видео најдоцна до 10 јуни 2018-та година и кои се согласуваат со условите за учество на овој натпревар. Видеото треба да биде во времетраење од 40 до 80 секунди и не смее претходно да биде објавувано. Стилот на танцување, музиката и кореографијата е по сопствен избор.

Видеото не треба да биде компјутерски обработено. Снимката треба да биде one-shot, односно не треба да се монтираат повеќе снимки во една и треба јасно да ја покажува кореографијата на само ЕДНО лице (соло).

Потребно е да се подготви кореографија, а не да се импровизира.

Пријавувањето е преку пополнување на дадениот формулар, по што на Вашата електронска пошта ќе добиете потврда и упатство како да ни го испратите видеото. За сите пристигнати снимки сите права ќе припаднат на „МКОЦ Соната“.

За најдоброто видео ќе одлучува жири комисија составена од нашите ментори. Најдоброто видео ќе биде наградено со бесплатно членство за курс по избор за танцовата сезона 2018/2019 за него/неа и за еден негов/нејзин родител, а се подготвуваат и други изненадувања.

Времето за пријавување е истечено.

Победникот ќе биде објавен на годишниот концерт на „МКОЦ Соната“ на 19.06.2018-та година.