Прославивме 10 години

Со комплетна исполнетост на салата во неделата во Охрид го одржавме годишниот концерт, со кој ја одбележавме и 10 годишнината од своето постоење. Со силни аплаузи беа проследени одличните кореографии кои нашите членови ги подготвуваа изминативе 10 месеци.

Беа доделени плакети, постхумно на основачот на модерниот танц во Охрид, Коле Петкуќески и на возобновувачот на танцувањето во Охрид професорката Лијлјана Булоска.

Преку видео врска на концертот се јави и сега веќе дипломираната актерка, познатата охриѓанка, Сара Климоска која накратко раскажа за нејзиното искуство и деновите поминати во „Соната“.

По повод 10 годишнината Студиото за танц се трансформира во Младински клутурено образовен центар, место мое ќе стане збиралиште на сите млади таленти, место каде ќе можат да се развиваат вештини не смо за танц, туку и за музицирање, диџејство, актерска игра, филм итн.

Со оглед на тоа што интересот за нашиот концерт е голем до година најавуваме два концерти со цел даза да ги задоволат апетите на оние кои, за жал, останаа без билети, бидејќи концертот речиси бeше речиси распродаден ден претходно.

Следните два месеци ги посветуваме на работа со најталентираните членови кои ќе треба да го претставуват Охрид, но и Македонија на големи танцови натпревари низ Европа.

Уписите за нови членови започнуваат од 25 август и ќе траат до 15 септември, односно додека не се пополнат сите слободни места.