Се подготвуваме за „Novi Sad Dance Fest 2016“

Викендов од 18 – ти до 21-ви ноември ќе се натпреваруваме на осмиот по ред „Novi Sad Dance Fest“, еден од најголемите и најзначајните танцови натпревари во Источна Европа.
За главната награда од 3500 евра годинава оваа година ќе се натпреваруваат над 3500 танчери, меѓу кои и охридската екипа, која брои 25 членови на возраст од 8 до 19 години.
Годинава се натпреваруваме во неколку категории: Hip-hip group junior, Open dance formation kids, Hip-hop solo kids и Hip-hop solo adults и очекуваме добар пласнман и овој пат. Минатата година го освoвме првото место во категоријата hip-hop solo kids, второ место во open formation kids и четврто место во hip-hop group junior.
„Novi Sad Dance Fest“ е многу значаен фестивал кој го слави квалитетот и разноликостa на танцовите стилови. Тој е фузија од млади, со веќе признати имиња од светот на танцот, одлични кореографи, фантастични предавачи и светски судии.