Сребро од Dance Battle на Dance Off 2019

Од 15 до 17 ноември во Скопје се одржа најголемиот танцов натпревар кај нас за оваа сезона Dance Off 2019. Учествуваа натпреварувачи од 17 европски држави.
Михаил Талев успеa да стигне до финалето на Hip Hop Solo Adult, каде го освои IV-тото место, а во категоријата Hip Hop Battle Solo Adult во финалето изгуби од претставникот на Србија и се закити со сребрен медал.
Учеството на натпреварот беше поддржано од Општина Охрид.