Започнува New Wave

Сите од нас кријат во себе креативност. Таа само треба да се разбуди. New Wave е будење на креативноста кај нашите членови. Избрани од нив добиваат задача да формираат тим, да потрошат 10 часа од нивното слободно време и да се искажат себе си преку кореографија.

Првото видео во рамките на овој проект е на кореографија на нашиот ментор Михаил Талев. Неговиот тим е во состав Анамарија Влаоска, Емилија Андонова, Климентина Гилевска, Михаил Талев, Олгица Симеонова и Сара Коваческа. Тие заедно на музика на Flora Cash („You’re Somebody Else“) раскажуваат за приказната која сакаат секој од нас да ја почувствува и протолкува на свој начин. Раскажуваат за љубовта – онака како што ја чувствуваат, како што ја доживуваат.

Видеото станува реалност благодарение на соработката со НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, Борче Велјаноски – Бикче, Борче Димоски (DigitalBox), Горан Симоноски и Тони Трифуноски.

Еве што сакаат да ви кажат оние кои беа дел од овој проект:

 

Велат дека една слика заменува илјада зборови. Танцот тогаш заменува милиони зборови, зашто само од едно движење содавате илјадници слики. Ве покануваме да уживате во првото видео од серијата New Wave. Можеби не е совршено, но е подготвено во вкупно 10 часа во кои сите ние уживавме во времето заедно.