Нашата приказна

Како ги сложувавме коцките на „МКОЦ Соната“

14
Курсеви
8
Ментори и асистенти
230
Активни членови
15
Пехари

“Здравите навики стекнати во младоста прават разлика.”

Аристотел

Кои сме ние

На крајот од седумдесеттите години од минатиот век Коле Петкуќески ја основа првата танцова школа во Охрид, но и прва официјлна со сопствен печат во Македонија. Низ таа школа убави спомени носат повеќе од 3.500 охриѓани, но и стружани. Приказната се плете и понатаму со многу успеси. За жал некаде со почетокот на новиот милениум полека згаснува, но во 2007-мата на иницијатива на професорката по музика Лилјана Булоска танцот во Охрид повторно се возобновува.

Во 2017-тата, точно 10 години по успешната приказна со танувањето, голем број учества на високорангирани меѓународни натпревари, огромен број успеси и сеќавања, се трансформираме во „Младински културно образовен центар СОНАТА“. Сега широко ги отвораме вратите за сите оние кои сакаат да се занимаваат со танц, музика и ументост. Ние сме собиралиште на млади и позитивни луѓе кои учат да бидат одговорни и посветени кон обврските, да се стремат кон остварување на целите, но и да ги достигнуваат.

Што работиме

Ние сме здружение на граѓани чија примарна цел е промоција на културата, спортот и образованието. Во моментов организираме часови по класичен балет, современ танц, латино танци, сценски танц и хип хоп.

Во соработка со видни и значајни институции и докажани компании и поединци од градов, наскоро започнуваме и со часови за диџеи и часови по фотографија, камера и видео монтажа.

Нашиот тим